Владимир Путин кој денеска беше во посета на Србија е топ тема таму, но и во целиот регион. Беше дојден со 4 авиони, со двајца негови двојници, а до него постојано беа и неговите телохранители. Едниот носеше црна торба која не ја испушта од рака, па сите се запрашаа што има во неа.
Се работи за посебна автовка со видео врска со службата за оружје и заштита. Со оваа торба се даваат и команди за нуклеарните сили.
Огромен број на граѓани од цела Србија попладнево излегоа на улиците низ Белград во знак на поддршка на претседателот на Русија, Владимир Путин. Граѓаните што шетаа низ главниот град на Србија носеа транспаренти „Спасиба пресидент“ и „За слободна и пристојна Србија“.
Претседателот на Србија, Вучиќ му рекол на рускиот претседател Путин откако го прими орденот „Александар Невски“, дека на улиците низ Белград го чекаат огромен број на граѓани.
„Добив информација дека на улиците низ Белград веќе има 30 илјади луѓе кои дошле да ве поздрават, а уште луѓе и пристигнуваат“, му рече Вучиќ на Путин.
На чело на колоната граѓани носеа транспарент „Еден од 300 милиони“, транспаренти со сликите на рускиот и српскиот претседател, како и „Србија-Русија вечни пријатели“.