Во март резервирајте во МНТ: Весна Бејби со Stand Up а Андриjа Милошевиќ со комедија

ИЗВОРМакедонски Народен Театар
|

Месец март продукциската куќа КМК го резервира за два големи проекти поточно театарски претстави кои ќе ве насмеат. Двете претстави се задолжителни, едната во која познатата актерка Весна Бејби Петрушевска по повод 25 години јубилеј од нејзината кариера подготвува Stand Up, додека со другата српскиот актер Андриjа Милошевиќ за прв пат ќе настапи во МНТ со урнебесната комедија „Златно ланче од бижутерија“.
„Буквално сите љубители на театарот ве очекувам на мојот важен датум кој би сакала да го заокружите со црвено и да бидете дел од Stand UP претставата која ја закажав за 13-ти март во МНТ. Тоа е од мене еден голем подарок за сите вас, прекрасен проект кој со продукциската куќа КМК го творевме изминатиот период. Сакам да ве насмеам и да ви дадам неизмерна љубов која ја поседувам а секојдневно ја црпам од семејството и штиците“ изјави Весна Петрушевска.
Продукциската куќа КМК реши на 22-ри март да реализира за прв пат гостување во МНТ на познатиот српски актер Андрија Милошевиќ кој ќе ја игра урнебесната комедија „Златно ланче од бижутерија“.
„Особено ни е чест да работиме како продукциска куќа со Весна Петрушевска која 25 години е на театарската сцена и комплетно реализирана актерка која несебично и го пренесува своето знаење на помладата генерација. Ветуваме дека ќе ве насмее до солзи со нејзината Stand Up и воедно ќе ве изненади. Исто така, да се соработува со Андрија Милошевиќ е чест кој од Србија доаѓа за прв пат во МНТ да ја одигра комедијата Златно ланче од бижутерија. Го избравме март како месец затоа што е таканаречен месец на жената и посветен на убавите нешта“ велат од КМК.

Картите за претставите се ви продажба и може да се купат на билетарата во МНТ и online на https://mnt.mk/mk/kupi-bileti-online