По долга светска турнеја конечно и кај нас, Претставата „Индиго“ во Режија на Бранислав Лечиќ и текст на Душко Премовиќ, ќе биде изведена на 13ти април во домот на АРМ

ИЗВОРСкопје24
|

Токму по тој повод Бекстејџ разговараше со Бранислав Лечиќ кој му се радува на доаѓањето во Скопје.

Во интервјуто што следи зборува за своиѕе улоги во животот, ја спомена и онаа политичката, за која кажа дека сите ние сме робови на политичарите…Една од причините зошто тој влегол во тие води е да се обиде да ги направи луѓето повторно среќни…

“Политичарите ги уништуваат нашите животи. Тие се машина која не меле и ситни”

Зборуваше и за претставата која ги руши сите рекорди на гледаност, но и многу повеќе!

Затоа резервирајте ја вашата втора сабота од април и не дозволувајте да ви раскажуваат.

Билети по цена од 500 денари и 1000 денари вип во продажните места на mktickets и Југотон.
„Индиго“ наскоро во Скопје!

За претставата:

Во главните улоги се појавуваат Бранислав Лечиќ и две дами, Даница Максимовиќ и Марија Вицковиќ. Драмата „Индиго“ е приказна за животот на една жена во модерното општество, нивните стравови, интереси, цели и амбиции. Две доминантни дами, Бела (Марија Вицковиќ) и Ана (Даница Максимовиќ), работат во иста канцеларија долг низ години не знаејќи една за друга апсолутно ништо. Нивните приватни животи се распаѓаат во целост. Изгубени се, осамени и исцрпени од работата.
После многу расправии, навреди, подметнувања, лажни телефонски повици, се зближуваат и се бодрат една со друга, за да ги пребродат нивните проблеми. Во најубавите моменти се разделуваат. Бела останува сама, се додека не се појави маж(Бранислав Лечиќ) во нејзиниот живот, домар и екс-затвореник, кој ја вади од магичниот круг на секојдневието понудувајќи и брак.

Целиот настан прочитајте го ТУКА.