Коста Петров урива рекорди – 14 издание на „Се гледаме на врвот“ и 9 на „Стравот“

ИЗВОРСкопје24
|

Најчитаниот македонски автор, Коста Петров, кој веќе неколку години се наоѓа на врвот на домашните топ-листи, деновиве го доби своето рекордно 14 издание од својата прва книга „Се гледаме на врвот“, како и деветтото издание од „Стравот“, двете објавени во издание на Издавачки центар ТРИ од Скопје.

Коста Петров е автор на четири книги – „Се гледаме на врвот“, „Стравот“, „Нашето последно кафе“, „Никој не рече дека ќе биде лесно“ – кои се континуирано во фокусот на интересот на македонските читатели од сите возрасти. Тој успеа да ги надмине сите рекорди на продажба и во бројот на изданија со над 35.000 продадени примероци за само шест години. Бројките се потврда за несомнениот квалитет на Коста Петров како автор и неговата умешност да инспирира илјадници луѓе да тргнат по патот кон успехот и да се соочат со сите предизвици што тој ги носи.

Потврда за популарноста на Коста Петров се и признанијата за најчитан автор кои ги доделува библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Скопје, со кои се стекна во 2015 и 2017 година.

Деновиве Коста Петров е актуелен и како автор на текстот на нашата евровизиска песна „Прауд“, што на Евровизискиот фестивал во Израел ќе ја изведе Тамара Тодевска.