ОБЈАВЕН РОМАНОТ „ГИ ИЗЕДЕ ДОЖДОТ“ НА ЖАРКО МИЛЕНИЌ

ИЗВОРСкопје24
|

„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот „Ги изеде дождот“ на Жарко Милениќ, во превод од хрватски јазик на Анета Пауноска.

Дејството во романот се одвива во еден мал град каде што се важни правилата на игра, но нив не ги знаат сите играчи. Приказната има саркастични, зајадливи, па понекогаш и трагични елементи. Искривените слики и пародијата истовремено се и блиску и далеку од реалниот свет. Милениќ во својот роман се занимава со провинцијализмот, но истовремено и со тоталитаризмот и апсолутизмот. Ги разобличува проблемите и типовите луѓе кои духовно се распаѓаат во малите градови.

„Колку и да е суров во тоа, пишува хрватскиот критичар Зоран Маљковиќ, и колку и да боли вистината што ја изнесува авторот, толку и романот е духовит и забавен. Дијалозите се многу реалистични и пове¬ќе¬то од нив може да се сместат во т.н. секојдневни приказни. Ликови (обично со постапките) се многу мунициоз¬но опи¬ша¬ни и така доближени до потенцијалниот читател. Структурата на романот е прилично динамична, се менуваат сосема куси раскажувачки отсечки во кои истовремено доминираат духо¬ви¬тоста и иронијата. За реалноста во романот на Милениќ може да се каже дека е повеќе искривена отколку фан¬тастична…
Романот почнува да ги следи настаните во едно провин¬циско гратче (Букач), кое е на работ на провинцискиот разум, а завршува во истото гратче сега со друго име (Диклиќево) кое се оттргнало од работ на разумот и сега пропаѓа некаде длабоко, длабоко…“

Жарко Милениќ (1961, Брчко, Босна и Херцеговина), магистрирал руска книжевност и компаратистика на Нацио¬нал¬ниот истражувачки универзитет во Москва, каде што е докторанд. Живеел во Осиек и Риека, а сега живее во Брчко и во Москва.

Автор е на повеќе од триесет прозни дела, повеќето романи, четири книги со раскази, исто толку стихозбирки, како и на две книги со критички текстови, една есеистичка, а приредувач е на антологиски и тематски избори. Автор е и на радиодрами. Негови дела се преведени на македонски, украин¬¬ски, ерменски, руски, француски и англиски јазик. На македонски јазик се објавени „Од училиште до дома“ (раска¬зи), „Заедно“ (роман), и Антологијата на хрватски научно¬фантас¬тични раскази, чиј приредувач е тој. Се занимава и со преведување – преведува од англиски, македон¬ски, руски, бугарски, словенечки и украински јазик. Награду¬ван е во БиХ, Хрватска, Македонија, Ирак и во Кина.