Денес почнуваат првите пробни летови на новиот меѓународен аеродром во Пекинг.
Аеродромот “Морска ѕвезда”, се наоѓа на 46 километри јужно од центарот на Пекинг и ќе биде најголем аеродром на светот. Се наоѓа на границата меѓу Дакинг и Лангфанг, град во провинцијата Хебеи и се простира на 700.000 метри квадратни, што е големина од околу 100 фудбалски игралишта.
Ентериерот ќе има градини, украсни пејзажи, но и одвоени патнички површини за домашни и меѓународни патници.
Ќе име четири писти и 620.000 летови годишно. На годишно ниво ќе може да опслужи до 100 милиони патници и 4 милиони тони товар годишно. Пробните летови нема да бидат класично комерцијални.
Авионите на кинеските компании ќе слетуваат на аеродромот, а тест летовите ќе траат околу еден час. Четирите писти на овој аеродром минатата недела ја минале инспекциската контрола, а сите градежни и технички инфраструктурни работи одат по план.
Терминалот кој го дизајнирала Заха Хадид од 700.000 квадратни метри ќе биде поделен на дел за домашни и меѓународни летови.
Површински, тоа ќе биде најголемиот аеродром на светот. Се очекува сите работи да бидат приведени кон крајот до 30-ти јуни, а отворањето е планирано за 30 септември.
Веќе во 2021-ва година би требало овој аеродром да го користат 45 милиони патници, а до 2025-та дури 72 милиони.