Од утрово во некои делови во Хрватска врне снег, особено во Сљеме, Завижан, и во северозападниот дел на Горски Котар.
Поради ветерот кој дува во областа, се има впечаток дека температурата е пониска од реалната, јави загрепската Н1 телевизија.
Според најавите на метеоролозите, во вториот дел од седмицава се очекува подобрување на времето.
Претходно и северниот дел на Црна Гора падна снег, и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.
На Жабљак и утрово паѓаше снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.
Во наредните денови се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според проценките на метеоролозите, стабилизација на времето и пораст на температурите ќе има во петок.
УХМР со детали за времето во наредните денови- викендот целосен пресврт и во Македонија
Во северниот дел на Црна Гора падна снег, и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.
На Жабљак и утрово паѓа снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.
Во наредните денови се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според проценките на метеоролозите, стабилизација на времето и пораст на температурите ќе има во петок.
Вчера попладне се намали јачината на ветрот кој предизвика голема материјална штета во Загреб, а врнежите од дожд продолжија во Хрватска. Во делови на БиХ ситуацијата е критична поради поплавите, каде и денеска се трага по шестгодишно дете кое паднало во надојден поток.
Сите надлежни служби во Загреб беа ангажирани за санирање на проблемите предизвикани од силниот ветер, кој дури вчера изутрина малку ослабна. Во текот на претходната ноќ загрепските пожарникари имале над 460 интервенции.
Во местото Бегов Хан кај Жепча денеска шестгодишно момче паднало во поток, чиј водостој се зголеми како последица на обилните дождови. Неговата мајка скокнала по него за да го спаси, но безуспешно. Со возило на Брза помош мајката е префрлена во болница, а специјална полициска единица се уште трага по детето.
Обилните дождови во БиХ предизвикаа поплави на север и во централните делови на земјата, каде одделни места се отсечени, а граѓаните пријавуваат проблеми со снабдувањето со вода и струја.
Во Скопје, времето денеска ќе биде претежно облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
До петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.