Олга е најубавата омажена жена во Русија

ИЗВОРСкопје24
|

Има 32 години и две деца. Олга Попова од Јошкар Ола, 643 километри источно од Москва ја однесе титулата за мис на Русија 2019-та година.

„Моделот Олга Попова го освои првото место на Серускиот натпревар во убавина за омажени жени и ја освои титулата за Мисис Кристална круна на Русија. Сега ќе ја претставува Руија во следната европска фаза на натпреварот“ – изјавил Владимир Паршин, директор на училиштето за убавина Мис Мариј Ел.

Олга (32) е мајка на две деца и сопственичка на продавница за облека. Веќе неколку години сакала да учествува на овој натпревар, но немала доволно самодоверба.

„Синот на Олга кој има 13 години, посетува часови за манекенство во нашето училиште. Долго ја советував Олга и таа да стане модел, но секогаш одбиваше затоа што немаше доволно самодоверба. Дури во август месец минатата година одлучи да се натпреварува. Многу работевме за нејзината подготовка, народниот танц и носијата. И победи“ – изјавил Паршин.

Дали е ова најубавата жена во светот: Мажите не можат да тргнат очи од неа, ја нарекуваат новата Софија Лорен

Мадалина Дијана Генеа е романска манекенка и актерка која веќе подолго време работи и живее во Италија. Иако нејзината кариера е во подем, според сите очекувања допрва траба да да го достигне својот врв. Мадалина ужива огромна популарност ширум Европа, а повеќе светски магазини веќе ја прогласија за најубава жена на светот.

Таа е ѕвезда на бројни кампањи и реклами, се појавува во повеќе италијански телевизиски серии, а медиумите на „чизмата“ ја нарекуваат новата Софија Лорен.

На една анкета која била спроведена во Италија, токму Мадалина била изгасана како најпопуларно лице од малите екрани, а се разбира, најмногу гласови собрала од машкиот дел од публиката.