Кина воведува воз кој е малку побавен од авион: Еве кога ќе влезе во употреба

ИЗВОРСкопје24
|

Кина го претставила прототипот на магнетно левитациски воз, кој може да достигне брзина од 600 километри на час.

Кинеската телевизија го забележала претставувањето на возот организирано во Чингдао, а проектот го развива кинеската државна компанија “China Railway Rolling Stoke Corporation”.

Заменик главниот инженер Динг Сансна рекол дека прототипот ќе мое да ги провери клучните технологии и системски компоненти на возот со голема брзина.

Прототипот со еден вагон од производната лента би требало да се симне во 2020-та година и да направи тест возење од пет километри.

Компанијата во 2021-ва би требало да ги заврши тестовите за возот.

Споменатиот воз, доколку биде ставен во функција, би требало да ја пополни празнината меѓу возовите кои одат меѓу 350 и 400 километри на час и патничките авиони кои летаат со брзина од 800 km/h.

Првиот комерцијален магнетно левитациски воз е ставен во функција во Нагоја, во Јапонија.

Најбрзиот авион на светот не лета туку е во музеј!

Поради фактот што постигнувал брзина од 3.2 маха или околу 3500 километри на час, SR-71 Blackbird или Црна Птица дефинитивно бил и остана најбрзиот авион кој некогаш бил произведен.

Иако неговите можности никогаш не биле искористени, SR-71 заминал во пензија со завршувањето на Студената војна. Црна Птица е повлечен од употрба во 1990 година, пред распадот на Советскиот Сојуз. На инсистирање на американскиот конгрес, три авиони од овој тип се враени в употреба за воени акциии во 1995 година, 1998 година и во 1999 НАСА го користела овој авион за научни истражувања.

Овој авион е повлечен од употреба без пригодна замена за истиот. Главната причина е цената на целата операција за произведување на нов модел на овој авион, но и Американските воздушни сили се сомневале во тоа дека овој авион ќе може да се носи со напредните ПВО системи на Русија. Трошокот за еден час лет со SR-71 изнесувале неверојатни 200 000 долари.