Џенифер Лопез има со што да се пофали. Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез (49) дефинитивно е една од најзгодните жени на денешницата. Џеј Ло и тоа како води сметка за нејзиното тело, а за да го постигне тоа вежба секојдневно.
Каква совршена фигура има, покажала на Инстаграм каде што објавила нова фотографија. Всушност таа позирала во теретана во хеланки, а во прв план го покажала своето тело, пред сè своите стомачни мускули.
За само 17 часа оваа фотографија имала повеќе од 2 милиони лајкови.
Џенифер Лопез ќе ја гледаме и во филмот „Hustlers“ каде што ќе ја игра улогата на стрипти***а. Заради таа улога го затегнала своето тело до совршенство, а за тоа зборувала во емисијата на водителката Елен Деџенерис.
Нема да верувате колку чини свршеничкиот прстенот на Џенифер Лопез
Поранешниот играч на бејзбол Алекс Родригез се сврши со својата долгогодишна девојка, светската музичка ѕвезда џенифер Лопез.
Чинот на нивната свршувачка се случи за време на нивниот романтичен одмор на Бахамите. Алекс на плажа клекна пред Џенифер со прстен во рацете и ја праша дали сака да му биде жена.
Популарната Џеј Ло не размислувала многу, туку веднаш ја прифатила понудата за брак.
-Џенифер не можеше да престане да гледа во прстенот. Го обожува, таа нон стоп повторува дека чинот на свршувачката било нешто најдобро досега, истакнал извор близок на познатиот пар.
Медиумите сега шпекулираат за цената на големиот дијамантски прстен кој Алекс и го даде на Џенифер. Алекс за свршеничкиот прстен издвоил вистинско богатство, дури 5 милиони долари.