Летото веќе започна во некои делови на Европа минатиот викенд со температури кои се искачија до 30 степени целизусови. Велика Британија, Франција, Португалија и Шпанија минатиот викенд се соочија со топлотен бран, иако метеоролозите прогнозираат дека температурите повторно ќе паднат следната недела.
Топлотните бранови би можеле да бидат тренд ова лето во Европа, според летната прогноза за 2019 година. Во Франција, Шпанија и Португалија се можни температури и до 40 степени целзиусови.
„Метео Франција“ пишува дека Европа и Франција ќе се соочат со повисоки температури ова лето, а државната метеоролошка агенција на Шпанија издаде предупредувања за високи температури во делови од Андалузија во текот на викендот.
Топлотните бранови и сувото време во Европа би можеле да стават неколку земји на ризик од шумски пожа*и, а северниот дел на Португалија, Шпанија и Алпите се под најголем ризик, покажуваат прогнозите за ова лето.
-Високите температури може да достигнат 40 степени целзиусови во делови од јужна и источна Франција од јули до почетокот на август, изјави Тајлер Ројс, експерт за температури.
„Метео Франција“ предвидува дека сушните услови може да влијаат и на северните делови на Европа.