Жителите на овие градови живеат најдобро на светот

ИЗВОРСкопје24
|

На основа на истражувањето кое го спровела “Deutsche Bank”, граѓаните на Цирих во Швајцарија имаат најдобар квалитет на живот на светот.

Истражувањето ги опфатило трошоците и животниот стандард и го споредувало квалитетот на животот во 56 светски градови на основа на различни фактори, како што се куповна моќ, безбедност, здравствена нега, трошоци за живот, пристапност до живеалиште, превоз до работа и загадување.

Така на листата на најдобри градови за живот се нашле следните градови:

На прво место е Цирих, а потоа следат Велингтон, Копенхаген, Едингбург, Виена, Хелсинки, Мелбурн, Бостон, Сан Франциско и Сиднеј.

Додека американските и австралиските градови нудат највисок квалитет на живот, некои главни европски градови не минале баш добро.

Франкфурт, кој е на врвот веќе пет години, паднал за четири места на 13-тото место ова oгодина, додека Париз е на дури 36-тото место, а Лондон на ниското 41-во место.

Кога станува збор за животниот стандард, помалите градови, изгледа, имаат предност над големите.

 

Така Њујорк на оваа листа го заземал само 31-вото место.

Се на се, мегаполисите, освен Токио, останале во втората половина од листата. Најголемиот град на Нигерија, Лагос, се наоѓа на дното на листата, а го следат Пекинг и Манила.