Една од најубавите жени на светот наполни 38 години. Оваа убавица секогаш привлекува внимание во јавноста и не престанува да ги интригира домашните и странски медиуми со својот приватен живот.
Благодарение на својата убавина, Андријана Лима направи голем успех во модната индустрија. Така во 2014-та година беше втора најплатена манекенка во светот, а во просек годишно заработува околу 10.5 милиони долари.
Нејзиниот пат до успехот не бил лесен ниту брз, но на крај се исплатило.
Убавината на Андријана е необична комбинација на гените. Манекенката во крвта има комбинација на бразилски, швајцарски, португалски и јапонски гени.
Таа е еден од најубавите ангели на „Викторија Сикрет“, позната е по нејзиното екстремно и редовно вежбање кое е заслужно за нејзиниот изглед.
Андријана ја интригира јавноста и со својата религиозност. Познато е дека манекенката е пожртвуван верник, католик, која секоја недела оди на миса.
Убавата Бразилка во една прилика признала дека кога била средношколка сакала да се замонаши и да биде калуѓерка.
Посебно интересно е тоа што Андријана Лима до венчавката со српскиот кошаркар Марко Јариќ била девица.
Се шпекулираше дека Лима на некои мажи им го “скршила“ срцето, но и дека ги внесувала во љубовни триаголници.