“ПОЛУСЕСТРА” на Дамјан Козоле во главната конкуренција на Карлови Вари Филмскиот Фестивал

ИЗВОРСкопје24
|

Малцинска копродукција која Сестри и брат Митевски ја копродуцираа минатата година, новиот филм на Дамјан Козоле “ПОЛУСЕСТРА” својата светска премиера ќе ја има во главната селекција на престижниот Филмски Фестивал во Карлови Вари. Учеството во главната конкуренција на овој реномиран фестивал е уште еден успех на македонската кинематографија.

Како малцинска копродукција учествуваа и во претходниот филм на Дамјан Козоле “Ноќен живот” кој исто така својата премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде освои и Кристален Глобус за најдобра режија во 2016 година. Дамјан Козоле е еден од водечките словенечки и балкански автори, чии филмови секогаш зборуваат за актуелни теми. Сите негови филмови имаат доживеано големи успеси како фестивалски така и во однос на дистрибуцијата во Европа.

“Полусестра” е копродукција помеѓу Словенија, Македонија и Србија. Филмот зборува за две полусестри и проблемите со кои се соочуваат.

Од македонска страна филмот беше поддржан од Агенцијата за Филм на Република Северна Македонија. Македонската екипа ја сочинуваат актерката Лабина Митевска, монтажер на филмот е Атанас Георгиев, снимател на тон Игор Поповски Нивеа, микроман Дарко Бошковски, асистент на камера е Маријан Боцевски, арт директор во сценографија е Бобан Петрушевски, дел од звукот е работен во Аудиохаус, македонскиот дел од кастингот е направен од Киријана Николоска.

Премиерата на “Полусестра” во Карлови Вари ќе биде на 2 Јули, а филмот ќе биде уште два пати прикажан на фестивалот на 3 и 5 Јули.
Во прилог ви доставуваме постер од филмот и прес книга и линк од филмот каде можете да го превземете трејлерот или фотографии од филмот.