Невреме во цела Европа: Автомобилите до кров во вода, реки течат по улиците! Во Унгарија за еден ден паднал дожд како за еден месец

ИЗВОРСкопје24
|

Унгарија и Полска биле силно погодени од невремето кое минатите денови ја зафатило Европа, а снимките кои доаѓаат од таму се алармантни.

Посебно е тешко на западот на Полска, каде водата на улиците се искачила до еден метар.

Автомобилите одвај се движат, низ улиците течат реки, жителите газат по тротоарите мокри до коленици.

Снимени се бројни автомобили до половина и повеќе во вода, како и нивните сопственици кои ги придвижуваат со тешка мака.

Во Унгарија било уште подраматично бидејќи за еден ден паднало дожд како за цел месец.

Во најтешко настраданото место се интервенирало дури 20 пати за 24 часа, а на луѓето најважно им било да се испумпа водата од подрумите, куќите, гаражите и останатите објекти.

Во Унгарија се гледаат паркинзи со целосно поплавени автомобили, на кои им се гледаат само делови од кровот.

Ден претходно во Турција биле забележани уште подраматични последици од невремето.