Невидено досега: Град во Мексико окован со лед на температури од 30 степени (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Во мексиканскиот град Гвадалахара падна силен град кој направи вистински хаос и ги окова улиците со лед. Во одредени делови на градот ледената покривка достигна висина до метар и половина.

Градските служи испратија машини за чистење на ледот. Многу автомобили се затрупани, некои делови од градот се поплавени, но за среќа нема жртви. Температурата во Гвадалахара е повисока од 30 степени Целзиусови. Градот претходно не памети вакво нешто.

Властите соопштија дека 200 куќи се оштетени.

„И уште се прашуваме дали климатските промени се вистински. Слична временска појава никогаш претходно не е видена“, вели гувернерот Енрике Алфаро за BBC.