Поскапе патувањето низ Србија, цената на патарината повисока за 12 отсто

ИЗВОРСкопје24
|

Србија ги зголеми цените на патарините за 12 отсто, што од тамошните власти беше оправдано со делумно усогласување со барањето на Европската унија според кое цената на патарината треба да ги покрива реалните трошоци за одржување на патната инфраструктура.

Според новиот ценовник, најскапа е патирината од Белград до Ниш која ќе чини 900 динари наместо досегашните 800 динари. Патарината од Нови Сад до Белград чини 235 динари наместо досегашните 210 динари додека од Белград до Суботица чини 627 динари наместо досегашните 560 динари.

За македонските граѓани кои патуваат по Коридорот 10 од Прешево до Белград возењето ќе ги чини 1.501 динар наместо десегашните 1.340 динари.

Тоа значи дека доколку патувате низ Србија ова лето ќе мора да одвоите дополнителни финансиски средства.

Извор: skopjeinfo.mk