АКО ЛЕТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА: Еве колку чинат храната, кафето и пијалоците

ИЗВОРСкопје24
|

Ако ова лето планирате да одморите на некоја од плажите на Халкидики, Грција, дознајте колку пари ќе ви требаат за уживањето.

Фактор ја одбра Неа Флогита, како едно од најпосетените места. Храната и пијалоците речиси се со непроменета цена од лани. За гиро ќе ви требаат од 2,5 евра до 3 евра. Додека порција од овој грчки специјалитет ќе ве чини од 6 до 8 евра.

Ако сакате да јадете во ресторан, ќе ви требаат повеќе пари. Порција со морска храна се движи околу 14 евра.

Кафето е од 2 евра и тоа кафе за носење, па се до 4, во зависност од изборот, а за пиво ќе издвоите од 2 до 5 евра.

Вода од половина литар чини 50 центи, од литар 1,5 евра. А доколку нарачате вода во ресторан ќе платите малку повисока цена.

Лежалките во Неа Флогита не се наплаќаат посебно, туку доколку порачате пијалок ќе ги добиете во цената со порачаниот пијалок.

И оваа туристичко место како и многуте други во соседна Грција деновиве се полни со туристи а особено нивниот број се зголемува преку викенд.

извор: фактор.мк