(ВИДЕО) Страшна олуја: Мајка бега со бебе во раце од распаднатиот хотел на Халкидики

ИЗВОРСкопје24
|

Силно невреме го погоди грчкиот полуостров Халкидики. Олујата пустошела се пред себе.

Има и големи материјални штети од невремето кое траело само 20-тина минути.

За олујата која се тврди дека е една од најголемите во изминатите неколку децении, сведочат фотографии и видеа, каде ветерот носи дрвја, покриви, во морето се гледаат лежалки и чадори од таверните на плажа.

Исплашените луѓе, меѓу кои и мајка со бебе во рацете бегаат од распаднатите хотели во кои престојувале.

Во Неа Потидеа имало дури и мал ураган.Оваа бура ги затекна туристите во Неоа Мармарас, Пефкохори, Неа Пори, Неа Каликратијаа, Никити, Калитеа…

Сведоци на разорното невреме се и македонските туристи. Јавуваат за долга и страшна ноќ, но за среќа се добри и се заблагодаруваат на нашето МНР кои брзо реагирале и им понудиле помош. Дел од нив, самоиницијативно се вратиле дома. Од МНР денеска со информација дека нема повредени македонски туристи, но остануваат достапни.

Видеата погледнете ги ТУКА.