Исповед на Србин кој се најде среде страшното невреме во Грција: „Изгледаше како да е крај на светот“

ИЗВОРСкопје24
|

Сило невреме погоди поголем дел од Европа, а синоќа од силно невреме и ветер беше погодена и Грција.

Во невремето има и 7 лица кои го загубија животот, а повредени се и 100 лица.

Небојша И. за „Курир.рс“ вели дека се нашол на Халкидики среде страшното невеме, и вели дека се се случило брзо, и никој не очекувал дека вакво нешто ќе им се случи среде одмор.

„Невремето почна околу 21 часот по локално време и тоа оддеднаш. Беше страшно, а оддеднаш дувна така слилен ветер што немавме ни време да се тргнеме од шеталиштето, а камо ли да влезе во апартманите. Иако траеше само дваесетина минути, изгледаше како да доаѓа крајот на светот“ раскажал тој.

Тој вели дека утринава ги дочекала страшна глетка.

„Расфрлани чадори, стакло на сите страни и кабли кои висат од далеководите не дочекаа утринава. Дрва испопаѓани на куќи, по шеталиштето и на улиците. Видов две огромни дрва искорнати од корен. Дрва имаше паднато и на автомобилите, а лежалки имаше расфрлано насекаде, навистина страшна глетка“ раскажал Небојша.

Сепак вели дека локалните жители брзо го исчистиле нередот и ги отвориле продавниците за да може да се купат некои основни намирници.

„Моментално нема ни струја ни вода, а нема ни навестување дека ќе дојде брзо, според некои информации дури утре. Некои апартмани имаат агрегати, но некои немаат, па многу туристи се упатија кон Солун, додека оние кои останаа се снаоѓаат како знаат“ рекол тој.