Оваа земја е магнет за работници од регионот: Сместувањето е платено, јазик не се бара, а платите ќе ве изненадат

ИЗВОРСкопје24
|

Работодавачот обезбедува работна дозвола и сместување, а познавање на јазик не е потребно.

Се поголем е бројот на работници од соседна Србија се упатуваат на работа во Унгарија, а воглавно се вработуваат на работни места за кои не се потребни претходни квалификации.

Најмногу ги напаѓаат работните места во автомобилската индустрија, платите се движат од 500 до 600 евра месечно. Имаат платено сместување и можност еднаш месечно да се вратат во својот роден крај за одмор.

– Смената трае три месеци, а досега бев на пробна работа и чекам повик за повторно да одам – вели Јованка за порталот Блиц.

Работела во автомобилската индустрија, а работата, како што вели таа не е тешка и се состои од склопување на пластични делови во внатрешноста на автомобилот. Таа вели дека работодавците на оние кои ги задоволуваат условите им нудат помош околу добивање на работната дозвола за да можат повторно да дојдат.

Условите за работа се слични во сите фабрики кои моментално имаат потреба од странски работници, односно платата се движи околу 500 евра, а познавањето на унгарски јазик не е задолжително. Овие услови важат во автомобилската, електро и прехрамбената индустрија, и тоа за позиции кои не бараат претходни квалификации и познавање на јазик.

На подобра заработка може да се надеваат квалификуваните професионалци за кои сместувањето е исто така обезбедено, а платата достигнува 750 евра.