Драма на Халкидики: Ветер одвлекол 7-годишно момче на средина на море – девојка се обидела да го спаси

ИЗВОРСкопје24
|

Несекојдневна драма се одиграла вчера на популарното грчко летувалиште Торони, на Халкидики, кога ветер одвлекол 7-годишно дете од Србија, кое лежело на душек и го однело на среде море што дури ни спасувачите не можеле да му пријдат.

Според она што го кажале очевидците, туристи од Србија кои биле на летување во овој град, водата била мирна и без големи бранови, но имало ветер. Детето се капело на неколку метри од брегот на душек на дување.

-Ветерот малото дете го одвлече, а кога тоа почна да бара помош веќе беше на 50 метри од брегот, но поради силината на ветерот никој не можеше да му пријде – раскажал сведок на оваа случка, Ѓорѓе и додал дека само неколку минути биле потребни ветерот да го одвлече детето „повеќе од 100 метри од брегот“.

Во тој момент во водата скокнала девојка спасувач. Меѓутоа како што наведува Ѓорѓе, таа после некои 100 метри брзо пливање „изгубила сила“ така што ѝ нејзе ѝ била неопходна помош, а за тоа време детето веќе било доволно далекува од брегот.

-Покрај куќата за спасување имаше чамец и конечно некои Грци од плажата го земале и со чамецот некако се обиделе да стигнат прво до девојката, а потоа до момчето – објаснил Ѓорѓе О. за „Србија денес“ и додал дека целата акција на спасување траела најмалку 20 минути,

-Да закаснеа со чамецот минута или две, прашање е што би било – вели Ѓорѓе.

Сепак на крајот, момчето било извлечено живо на крајбрежјето, додека на девојката која скокнала на помош ѝ била потребна медицинска нега.