„ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО И’ Е ПЕТРУНИЈА“ СЕ ЗАКИТИ СО УШТЕ ЕДНА НАГРАДА – ПРЕСТИЖНАТА „ФИПРЕСЦИ“ НАГРАДА НА МОТОВУН ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ХРВАТСКА

ИЗВОРСкопје24
|

На штотуку завршениот Мотовун Филмски Фестивал во Хрватска, Петрунија ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ. Во Мотовун Филмскиот фестивал 20 одлични филма се натпреваруваа за само двете награди што се доделуваат. Главната награда Пропелер ја доби исландскиот филм “Бел бел свет”, а наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ македонскиот филм “Господ постои, името и’ е Петрунија”. Тричленото жири во состав од Маријана Јаковљевиќ, Јел Шот и Јасмила Шепетач, едногласно наградата ФИПРЕСЦИ ја доделија на “Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска образложувајќи:

“Главната актерка не освои со одличен актерски израз и брзо не увери дека главниот лик е паметна жена која е комплексна личност и која ја открива нејзината моќ во текот на филмот. Таа е симбол на потребата за слобода во многу свери и укажува на неопходните промени. Филмот е црна комедија, врвно изрежирана, монтирана, динамична и брзо го вовлекува гледачот во неговиот свет. ”

“Bijeli, bijeli dan” pobjednik 22. Motovun Film Festivala

Fédération Internationale de la Presse Cinématographique е најстарото и највлијателното друштво на филмски критичари во светот, обединувајќи критичари од 50 земји од целиот свет. Наградата која ја доделува ова здужение, со нивните меѓународни критичари, носи голема популарност помеѓу филмските автори. Мотовун Филмскиот фестивал е 37 фестивал во светот каде се доделува оваа награда.

Nagrade

Со голема радост ќе продолжиме да ве информираме за огромните успеси кои Петрунија секојдневно ги постигнува низ светот!