Финска: Родителите на работа можат да дојдат со своите деца

ИЗВОРСкопје24
|

Финските власти започнаа проект кој ќе им овозможи на родителите да поминат повеќе време со своите деца, со тоа што ќе можат да ги доведат на работа на неколку часа или во текот на целото работно време.

Туомас Куртила – детскиот омбудсман во Финска изјави дека целта на иницијативата е родителите и децата да поминат колку што е можно повеќе време заедно, како и да се запознаат децата со работните услови на нивните родители и како всушност тие заработуваат пари.

Тој истакна дека околу 800 компании веќе потпишале договор според кој на родителите им е дозволено да ги донесат своите деца на работното место.

Преку оваа практика, децата ќе имаат шанса да бидат со своите родители и да се запознаат со нивната работа во државните министерства, општините и компаниите.

– На овој начин, членовите на семејството ќе можат да се стекнат со многу убави и корисни искуства заедно и ние сме им благодарни на сите компании и институции кои се согласија да бидат дел од оваа идеја, стои во изјава на Куртила.