Познатата македонска водителка и пејачка покажа дека и во шестата деценија изгледа одлично во бикини (фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Не секоја од познатите дами во земјава во летната сезона преферира да го покаже своето тело во костим за капење, особено не оние повозрасните.

Но случајот кај ТВ водителката и пејачка Јулија Мациевска е сосема поинаков.

Иако е во шестата животна деценија, таа гордо ја покажува својата става за која во текот на целата година вежба во теретана.

Ретко кој би и ги дал годините, а сега кога објави фотографии во бикини, само потврди дека возраста нема никаква врска со духот кој го носиме во себе.

Јулија летува во Хрватска, а покрај многуте фотографии кои ги објавува деновиве, се најдоа и такви каде позира во колоритни бикини.

Медиумите многупати знаат да и поласкаат за изгледот и енергијата, а како што е ред Јулија и ова лето „почести“ со својата позитивна енергија и женственост.

Извор: vistina.mk