(ФОТО) 53. годишната Синди Крафорд во мини бикини и’ понатаму изгледа како супермодел

ИЗВОРСкопје24
|

Еден од најславните супермодели од деведесеттите и понатаму може да се пофали со тело подготвено за модна писта. 53. годишната Синди Крафорд на својот профил на Инстаграм објавила фотографија во костум за капење и ги воодушевила обожавателите со манекенската линија на која не може да и конкурира ниту нејзината наследничка, 17. годишната Каја Гербер.

Во минијатурно бордо бикини Синди се пофалила со тенкиот струк, цврсти стомачни мускули и, со својот најславен атрибут, долги и вити нозе и не убедила дека педесеттите се нови деведесетти. Смелата фотографија за кусо време собрала десетици илјади лајкови, а фановите во коментарите не го криеле воодушевувањето од нејзината беспрекорна фигура која, како што неодамна открила, ја должи на редовното вежбање, и тоа истите оние вежби кои ги правела во раните деведесетти кога објавила и ВХС касета. А, ако ви треба доказ дека во последните 20. години воопшто не се променила, погледнете ја нејзината стара фотографија во бикини која пред оваа, најновата, ја објавила на Инстаграм.