Гори познатиот грчки остров, авиони доаѓаат на помош

ИЗВОРСкопје24
|

Голем пожар изби попладнево на грчкиот остров Закинтос, во шумата меѓу селата Килиоменос и Агалас. Пожарот избувнал околу 14 часот по локално време, јавува АНА.

Во гаснењето на огнот учествуваат 20 пожарникари со седум противпожарни возила, а се очекува да помогнат и авионите.

Во гаснењето на пожарот помага и локалното население и засега нема опасност за туристите и тамошните жители.

ФОТО+ВИДЕО: Пожарите во Евија и Тасос надвор од контрола, Грција бара помош од Европа

Над илјада пожарникари се борат против шумските пожари во Грција, најголем дел на островот Евија, северно од Атина, кој и натаму е надвор од контрола.

Според информациите од утринава, ситуацијата е малку подобра од вчера. Десетина пожарникари, два канадери и хеликопетр се борат со пожарот на Тасос.

Грчкиот премиер Мицотакис го прекина одморот и од Крит се врати во Атина.

-Ситуацијата изгледа подобро, пожарникарите вложија големи напори, изјави регионалниот гувернер за централна Грција, Костас Бакојанис за телевизија Скај.

Тој навел дека пожарите се комплицирани за гасење, но истакна дека човечки животи не се загрозени.

АП пренесува дека во Грција во рок од 24 часа се активирале 56 пожари.

Катимерини пожарите во Евија ги нарече голема еколошка катастрофа. Се наведува дека пожарот опфатил површина од 12 километри и прогласена е вонредна состојба.