Таа е вистинска дама која секое утро ги води гледачите низ утринската програма „Ја сакам Македонија“. ТВ водителката Јована Стојменовиќ освен на телевизија, понекогаш можеме да ја видиме и како чекори на модните писти, љубов која остана перманентна кај неа.
Јована периодов одмора од рабата и ги полни батериите на летен одмор во Грција, од каде на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии на кои е приложена нејзината летна уживанција.
Иако е манекенски градена, Јована секогаш е умерена во однос на изгледот, а овој пат преку најновите летни фотографии следбениците имаа можност да ја видат во бикини издание.
–Не ми треба филтер и баш ми е гајле, пишува Јована за фотографијата каде позира легната под сонцето.
Во време на дигитална прогресија, се повеќе гледаме обработени фотографии, но убавата Јована го направила вистинскиот избор, бидејќи би било штета да ја коригира убавината која и е од Бога дадена.
Извор: vistina.mk