По ураганот Доријан, доаѓа Фернанд: Невремето се засилува во Мексиканскиот залив, се очекува да тргне кон копното

|

Додека ураганот Доријан пустоши на брегот на Бахамите, нова тропска олуја се формирала во Мексиканскиот залив.

Тропската ојула Фернанд се формирала вчера напладне, поради што на мексиканскиот североисточен брег е издадено предупредување. 

Максималната јачина на ветровите кои ги носи новата олуја е 65 километри на час.

Американскиот национален центар за урагани соопштил дека се очекува олујата да се засили пред да тргне кон копното.

Центарот на олујата е околу 255 километри источно од градо Ла Пескa во Мексико и се движи на запад со брзина од 11 километри на час.

Американскиот центар за урагани соопштил дека ураганот Доријан конечно заминува од Големите Бахами, но навел дека на островот во текот на вечерта ќе продолжат силни ветрови и олуји опасни по живот.