Вака се бори против крадење на државата: Поранешната прва дама Хондурас добила 58 години затвор, бидејќи купувала накит со државни пари!

|

Поранешната прва дама, Хондурас Роса Елена Бонила (52), денеска била осудена на 58 години затвор, поради тоа што присвоила околу 600.999 долари државни средства во периодот од 2010-та до 2014-та година, за време на мандатот на нејзиниот сопруг Порфирио Лобо.

Пресудата за Бонила е за присвојување и измами и добила максимална казна.

Делото против Бонила било покренато на барање на антикорпциската мисија на Организацијата на американски држави.

Според истрагата на невладиниот Национален антикорупциски совет на обвинители -Бонила префрлила 600.000 долари од државните фондови на нејзина лична сметка пет дена пред истекот на четиригодишниот претседателски мандат на Лобо во јануари 2014-та години.

Врховниот суд на Хондурас вчера одлучил Бонила да врати 10 проценти од присвоените средства.

Нејзиниот личен помошник Саул Ескобар исто така е уапсен и осуден на 48 години затвор.