Ова е најтајниот руски бункер направен во срцето на планината: Има повеќе од 10 километри долги тунели, а може да издржи и нуклеарен напад

|

Неговото име е Објект 221, а според гласините тоа е недовршен комплекс кој содржи повеќе од 10 километри долги тунели распоредени на четири нивоа кои се направени во длабочините на планината.

Овој објект датира од времето на Студената војна и Железната завеса која го делела поранешниот СССР од остатокот на светот. Тоа што останува за овој бункер се приказните создадени за овој подземент град.

Се тврди дека изградбата почнала во 1977-та година на местото под планината Мишен. Сместен во близина на Севастополе, тоа требало да биде дом на црноморската флота на советската војска, а оваа комплицирана мрежа на бункери и тунели била позната како Објект 221. Требало да служи како регионално поморско седиште, пишуваат од „Bohemian Blog“.

Местото било избрано по геолошкото снимање. Откриено било дека планината Мишен е без пукнатини или шуплини. Подземниот град бил изграден на длабочина од 180 метри во внатрешноста на оваа планина и бил направен со способност да издржи и нуклеарен напад. Би имал и сопствен нуклеарен реактор со помал обем исто така изграден во срцето на планината и би бил способен да дава електрична енергија и да поддржува воени операции независно од тоа што би се случувало на површината.

Објектот 221 во голема мерка бил производ на Студената војна. На јужното крајбрежје од Црното море, оддалечено од Крим само 250 километри, во Турција, која е американски сојузник и членка на НАТО, биле сместени американските ракети Nike-Herkules. Затоа СССР морал својата нуклеарна воена морнарица на Кримскиот полуостров да ја опреми со моќна одбранбена противмера како и да овозможи пристап до Средоземјето доколку биде потребно.

Идејата која стои позади Објектот 221 е да се осигура регионалното седиште на нуклеарната црноморска флота. Крим долго време бил едно од омилените летувалишта на Русите па затоа подземниот град во близина на тоа одморалиште би можел да се искористи како засолниште доколку избувнела некоја нуклеарна војна додека диктаторите се сончале на златниот кримски песок.

Комплексот под планината Мишен се смета за втора најголема подземна структура во цела Украина веднаш по киевското метро.

Објектот е изграден на четири нивоа – командно ниво, станбено нибо, хардвер и комуникациско ниво со два сигурни влезови, источен и западен, оддалечени 650 метри еден од друг. Овие огромни тунели се доволно големи за низ нив да поминуваат и воени возила.