Стејт департментот одобри на Полска да ѝ бидат продадени 32 авиона Ф-35

|

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ја одобрил понудата во вредност од 6,5 милијарди долари за продажба на 32 борбени авиони Ф-35 на Полска.

Продажбата на авионите би го зголемила придонесот на Полска во НАТО и би ја намалила нејзината зависност од руска воена опрема, се вели во соопштението на официјален претставник на Стејт департментот.

Според агенцијата „Ројтерс“, во април Пентагон му предложил на Конгресот да размисли за продажба на авиони од американскиот „Локид Мартин“ на земји членки на ЕУ или НАТО.

Конгресот тогаш како можни купувачи ги навел Грција, Романија, Шпанија или Сингапур, потсетува „Ројтерс“.

Одлуката на Стејт департментот да ја прифати понудата за продажба на авиони во Полска, доаѓа неколку дена откако американскиот потпретседател Мајк Пенс ја посети оваа земја по повод одбележување на 80 години од почетокот на Втората светска војна.