Чудни округли камења се појавиле на површината после ураганот: За што станува збор?

|

Оставајќи зад себе пустош и огромна штета, ураганот „Доријан“ успеа некого и позитивно да изненади.

Во налетот на ураганот од петта категорија, еден од најсилните во историјата на мерењето, според последните информации настрадаа најмалку 50 лица, а илјадници семејства останаа без своите домови, автомобили и слично.

Сепак, има и луѓе кои што ги користат ваквите природни катастрофи, за да побараат некои вредни предмети кои бесното море евентуално ги има исфрлено на брегот. Меѓу нив се Арон Латин и неговата девојка кои „барале богатство“ на плажите со детектор за метал.

Тие пронашле „чудни округли камења“, а набрзо потоа сфатиле дека тоа не се камења, туку станува збор за топовски ѓулиња од времето на Граѓанската војна.

„Најпрвин мислевме дека станува збор за некакви округли камења, но како што продолживме да ги надгледуваме, сфативме дека станува збор за нешто друго“, изјави Арон.

Иако многумина пристигнале на плажите во американската сојузна држава Јужна Каролина опремени со детектори за метал во потрага по нешто вредно, Арон вели дека имал среќа што со неговата девојка без опрема пронашле важни историски предмети.

Инаку, речиси на истото место на плажата, каде што некогаш постоело утврдување, биле пронајдени вакви ѓулиња и после разорниот удар на ураганот „Метју“ во 2016-та година.