|
Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1000 метри висина, пренесува Еј-би-си њуз.
Според Советодавниот центар за вулканска пепел во Токио пак, облакот од пепел над вулканот достигнал висина од 4000 метри, односно 2880 метри над кратерот.
Насоката и обемот на пепелта цело време се следи преку сателитски снимки.