Ограбен еден од најраскошните замоци во Франција: Крадците украле скапоцености во вредност од два милиони евра

|

Непознати крадци упаднале во еден од најраскошните француски замоци, ги врзале сопствениците и однеле скапоцености во вредност од два милиони евра, соопштија француските власти.

„Полицијата трага по шестмина сторители на грабеж кој се случи ноќеска во замокот Во-Викомт, југоисточно од Париз“, изјави обвинителката Беатрис Ангелеји-Ламот, пренесува новинската агенција „АП“.

Таа додаде дека крадците не биле вооружени, а сопствениците, брачен пар во 80-ти години не биле повредени.

Замокот од 17-ти век со својот барокен гламур привлекуваше ѕвезди од целиот свет, а познат е по венчавањето на актерката Ева Лонгорија и НБА кошаркарот Тони Паркер во 2007-ма година.

Замокот бил специјално изграден за министерот за финансии на кралот Луј XIV, Никола Фуке, има балска сала со мермерен под, трпезарија со огромен лустер и раскошна градина.