Мачу Пикчу едно од седумте светски чуда не прастанува да го фасцинира модерниот свет, а неговата најголема мистерија е токму прашањето зошто Инките го изградиле светиот град токму на ова место.
Градот кој околу 400-ни години бил заборавен во прашумата Анди, изграден е наоколу 2.400 метри надморска висина, а го карактеризираат каскадни тераси и околу 200 градби на самиот раб од карпите.
Научникот од Геолошкиот бразилски сојузен универзитет Рио Гранде, Руалдо Менегат тврди дека ја открил причината зишто Инките го изградиле Мачу Пикчу на специфичен начин и толкава висина.
Овој геолог извршил анализа на теренот каде што стариот град се наоѓал за да ги пронајде тектонските пукнатини, а откритието било изненадување.
Како што објаснил тој тие пукнатини драматично се разликуваат по големина, некои од нив се толку многу големи и долги што го одредуваат и правецот на токот на околните реки.
Менегат открил дека тие пукнатини следат два главни правци – од североизсток кон југозапад и со спротивен правец. На тој начин, пукнатините создаваат облик икс и Мачу Пикчу е точно на местото на пресекот.
„Околу две третини напор се вложени во изградба на светилиште под површината. Пукнатините помогнале на зачувување на ова место“ – изјавил геологот.
Исто така градејќи град на толку високо мсто, Инките се заштитиле од лавините кои се многу вообичаени за Андите.