Швеѓанката Грета Тунберг стана една од најпознатите личности на светот благодарение на своето обраќање на самитот на ОН на кое зборуваше за климатските промени и остро ги критикуваше светските лидери.
Една од најпознатите сцени од самитот е онаа на која 16-годишната Грета го “стрела” со поглед американскиот претседател Доналд Трамп. Грета зборувала за она што се случило кога пристигнал Трамп во Обединетите Нации.
“Ме застанаа бидејќи тој одненадеж дојде и обезбедувањето ми кажа дека морам да се поместам. Потоа прашав што се случува и го здогледав него, мислам дека бев само многу шокирана”, открила Грета во една телевизиска емисија.
Тунберг го коментирала и исмејувањето од страна на претседателот на Твитер:
“Забележав сарказам. Знаев дека нешто такво може да се очекува од него, тоа не прави никаква разлика”, кажала таа.
Грета за својот активизам доби т.н. алтернативен Нобел, а многумина се надеваат и дека ќе добие Нобелова награда за мир.