Нема ништо поубаво од свеж воздух доколку сте заглавиле во мал простор со многу луѓе, но се чини дека оваа жена од Кина малку претерала затоа што ја отворила вратата од авионот.
Инцидентот се случил во патничкиот авион на „Сиамен Ер“ кој се подготвувал да полета од Вухан, главен град на провинцијата Хубеј во централна Кина, кон Ланджу на северозападот од земјата.
Поради ова, летот доцнел еден час, а госпоѓата која ја отворила вратата за во случај на опасност била изнесена од авионот и одведена во полиција на испрашување.
На прашањето зошто го направила тоа и покрај предупредувањето на екипажот да не ја повлекува рачката која ја отвора вратата, жената на возраст од околу 50-тина години рекла дека сакала да вдиши малку свеж воздух.
Инцидентот го снимил еден од патниците и го објавил на социјалните мрежи.