Драматични сцени во Франција: Чадот од фабриката во која се чуваат опасни хемикалии го задуши градот…

|

Огромен пожар изби во утринските часови во хемиска фабрика во северниот француски град Руен.

Локалните власти и натаму не можат да потврдат дали има жртви или повредени, а околу 200 пожарникари се борат со огнената стихија. Околу фабриката е поставен и безбедносен коридор, а жителите се советуваат да не излегуваат од своите домови ако немаат голема потреба.

Властите исто така наредија затворање на училиштата во 11 околни градови, а од Министерството за внатрешни работи соопштија дека корисниците на домовите за стари лица биле советувани да не излегуваат надвор.

Градските власти соопштија дека иако црниот чад е поврзан со присуството на хемикалии и тоа може да предизвика загриженост, првите анализи не покажале никаква акутна токсичност во главните молекули.

Пожарот во фабриката „Лубризол“ избил во 2:40 часот наутро по локално време, а бил проследен со силни експлозии.

Точка

26/09/2019

14:15

 248

Огромен пожар изби во утринските часови во хемиска фабрика во северниот француски град Руен.

маркетинг

Локалните власти и натаму не можат да потврдат дали има жртви или повредени, а околу 200 пожарникари се борат со огнената стихија. Околу фабриката е поставен и безбедносен коридор, а жителите се советуваат да не излегуваат од своите домови ако немаат голема потреба.

Властите исто така наредија затворање на училиштата во 11 околни градови, а од Министерството за внатрешни работи соопштија дека корисниците на домовите за стари лица биле советувани да не излегуваат надвор.

Не пропуштајте: Ноќта се претвори во ден: Огромна експлозија потресе француски град

Градските власти соопштија дека иако црниот чад е поврзан со присуството на хемикалии и тоа може да предизвика загриженост, првите анализи не покажале никаква акутна токсичност во главните молекули.

Пожарот во фабриката „Лубризол“ избил во 2:40 часот наутро по локално време, а бил проследен со силни експлозии.

LouLou!@Lafalettee

CHIMICAL #Rouen

View image on Twitter

Фабриката која што произведува адитиви за гориво и боја, класифицирана е во Европската унија како “SEVESO”, односно место на кое се користат или чуваат опасни супстанци во големи количини.

Според извештаите на француските медиуми, остар мирис се раширил во градот, но и во околните населени места, а од фабриката и натаму се немаат огласено.