|
Американски државјанин со кинеско потекло Суехуа „Едвард“ Пенг е уапсен во околината на Сан Франциско поради сомнение дека работел како кинески шпион.
Пенг работел како туристички водич, а истовремено се верувал дека испраќал доверливи информации до кинеската влада.
Како што пренесуваат американските медиуми, Пенг на кинеските власти им доставил доверлив материјал за американската национална безбедност во периодот од 2015-та до 2018-та година.
Пенг бил приведен минатиот петок во Хејворд во американската сојузна држава Калифорнија, соопштија од федералното обвинителство.