Невреме беснее над Балканот – снег, дожд и голем пад на температурите, а најавено е и ново влошување

|

Наглото заладување и големиот пад на температурите проследено со дожд вчера и денес го зафати регионот. Голема количина дожд паднала во Црна Гора, додека пак големо невреме ги зафати поедини делови од Хрвтаска и Босна и Херцеговина.

Олујното невреме кое вчеравечер го зафати Мостар, откорнало дрвја, а оштетени се и неколку автомобили.

Во невремето, никој не е повреден, а мостарските пожарникари утрово ги отстраниле поголемиот дел од паднатите стебла.

На местата каде што била пријавена материјална штета има полициски службеници.

Силно невреме вчеравечер ги погоди и поедини делови од Хрватска, а на подрачјето на Истра и Кварнера издадени се дури две портокалови предупредувања.

Силното невреме пристигнало вчера во околу 14 часот во подрачјето на Ровињ. Поголем дел од времето паѓало дожд и имало силни грмотевици кои не престанале долго време.

https://www.facebook.com/JavnavatrogasnapostrojbaNovaGradiska/posts/1312897342214723

Најавуваната промена на времето вчера стигнала и во Загреб, но и во Нова Градишка. Силниот ветер ги откорнал дрвјата кои паднале на автомобилите кои биле во движење, но пожарникарите веднаш интервенирале.

На Хрватската планина Завиждан паднал и снег, а бидејќи температурата е околу нулата се очекува дека врнежи од снег ќе има и на други места.

Голема количина на дожд паднала и на територијата ан Црна Гора. Најмногу количина паднало во околината на Цетиње (35 литри), Подгорица (21 литар), а во останатите делови од земјата под 20 литри на квадратен метар.