Неверојатни снимки од прелетување на авион помеѓу облакодери во Бризбејн

|

Неверојатни сцени забележале жителите на австралискиот Бризбејн минатата сабота.

Два воени авиони „C-17A Globemaster transporter“ и „F/A-18F Super Hornet fighter“ летале низ градот во рамки на прославата на годишниот фестивал „Риверфајр“, а во некои моменти летале толку ниско што поминувале дури низ станбени згради.

Пилотите покажале неверојатни акробатски способности, летајќи помеѓу згради на висина помала од 100 метри, а најимпресивниот момент бил поминувањето помеѓу два облакодери, додека жителите со неверување набљудувале.

Меѓутоа, не биле баш сите воодушевени. Имало и такви на кои овие сцени им биле морничави, а прво што им паднало на памет бил терористичкиот напад во САД, на 11-ти септември 2001-ва година, кога бомбашите со киднапирани авиони удриле во Кулите близначки во Њујорк.