|
Израелските археолози објавиле дека откриле голем, 5.000 години стар град, на северот на Израел.
Древниот град бил откриен за време на подготовките за работа на авто-патот во близина на Хариш, град на 50 километри северно од Тел Авив.
Станува збор за “космополитски и испланиран град”, кој датира од бронзеното доба.
Градот се простирал на 65 хектари и имал околу 6.000 жители.
Откриен е и необичен обреден храм, како и запалени коски од животни, што е знак дека се изведувале ритуали со принесување на жртви.