Аралското езеро сега може да се нарече пустина, бидејќи човековата глупавост уништила секаков облик на живот во него.
На границата меѓу Казахстан и Узбекистан, насред азиските степи кои некогаш биле дел од Советскиот сојуз, рибарска флота скапува на површината која некогаш била езеро.
Десетина рибарски бродови се засидрени на километри од брегот на некогаш четвртото најголемо езеро на светот, чија површина била дури 68.000 километри квадратни.
Сега тоа е Аралска пустина бидејќи вода одамна нема на оваа површина. Советските власти ги пренасочиле реките Аму Дарја и Сир Дарја, кои го полнеле езерото, за на ова подрачје да одгледуваат ориз, лубеници, житарки и памук.
Владата каналите за наводнување почнала да ги гради во 40-тите години од минатиот век, а бидејќи биле лошо направени, тоа довело до големи загуби на вода, некаде дури и до 75 проценти. Во наредните 20 години Аралското езеро се намалувало, прво за 20 центиметри годишно, а подоцна и за 90.
Напоредно со тоа, се зголемила и соленоста на езерото за пет пати и тоа уништило поголем дел од флората и фануната. Пропаднала рибарската индустрија, благодарение на која преживувало локалното население, а бродовите, кои се обидувале да се вратат во морето останале засидрени додека езерото се сушело. Тоа подрачје станало гробница за бродови.
Поради отпадот кој се испуштал во реките, земјата останала неплодна, со исчезнувањето на рибарската индустрија растела и невработеноста, а поголем дел од населението заминало.
Од 1989-та година езерото било поделено на Мало море на северот и Големо море на југот, а ако нешто не се преземе, се верува дека јужниот дел од езерото ќе исчезне до 2025-та година.