Џесика Паркер: „Медена земја“ е епско патување во Македонија, целосно заслужува Оскар

|

Холивудската актерка Сара Џесика-Паркер е воодушевена од македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија од филмот и напиша дека „Медена земја“ е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

Неверојатна, запрепастувачка, интимна, но сепак, епска приказна за пчеларката Хатиџе Муратова. Жена што никогаш нема да ја заборавам. Има добри причини што филмот ги собра сите признанија и награди за документарци. Честитки за филмаџиите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и ви благодарам што ни овозможивте да патуваме сo вас во тоа мало место во Република Македонија. Вас двајца ќе ве следам секаде – напиша холивудската ѕвезда.