Калифорнија се подготвува за целосен мрак: 2 милиони жители ќе бидат 7 дена без струја

|

Речиси 2 милиони луѓе во околу 30 окрузи во Калифорнија би можеле да останат без струја, поради силниот и сув ветер кој се заканува да предизвика пожари.

Компанијата “Pacific gas and electricity” соопштила дека струјата ќе се исклучи од претпазливост во среда и ги повикала жителите и компаниите да се подготват да бидат без струја дури седум дена. 

Струјата ќе биде исклучена и во 67 училишта.

Освен тоа, навеле дека е “можно дека опремата на таа компанија за дистрибуција на електрична енергија предизвикала еден од најсмртоносните пожари во Калифорнија” во 2018-та година, кога далноводите се запалиле околу дрвјата.

Истрагата на калифорниското Одделение за шумарство и заштита од пожари утврдила дека таа компанија е одговорна за пожарот во кој загинале 85 лица.

Метеоролозите најавиле дека во среда ќе почне да дуваат силни ветрови, кои, во комбинација со ниската влажност, би можеле брзо да го рашират пожарот.