Научниците од Томскиот политехнички универзитет со колгите од другите научни центри и универзитети соопштиле дека е забележана рекордна емисија на метан во источносибирското море.
Експрертите тргнале на експедиција во водите на источниот Арктик, а отишле за да истражуваат еден од деловите на источносибирското море каде што претходно биле откриени гасни фонтани.
Емисијата на гасови не била забележана само преку специјаните инструменти – научниците виделе и со свои очи “нисок“ метан како се подигнува од морските длабочини.
„Ова е најмоќната фонтана која некогаш сум ја видел. Таа се манифестира преку зголемување на концентрацијата на метанот во воздухот и до 16 ppm што е девет пати повеќе од просечните планетарни вредности. Никој, никогаш претходно не забележал нешто слично на ова“ – рекол лидерот на експедицијата Игор Семилетов, професор на Томскиот универзитет и член на Руската академија на науките.
Површината на гасната фонтана била четири до пет метри квадратни. Научниците успеале да земат примерок дурии без специјален уред: водата која “вриела“ со метанот можела да се “улови“.