Ученичка предала празен лист хартија на контролна задача, а кога наставникот видел што направила добила петка

|

Јапонската ученичка која предала празен лист хартија на кој требало да пишуваат есеј добила петка откако професорот открил што направила.

Таа на белиот лист хартија пишувала со невидливо мастило.

Еими Хага се послужила со техниката “abuiridashi“ која ја користат нинџите кои со часови ги натопуваат и гмечат зрната од соја само за да направат такво мастило.

Буквите на листот хартија се појавиле тогаш кога професорот го загреал листот над пламен.

„Тоа го научив кога бев мала, од една книга“ – изјавила Хага за Би-би-си.

„Се надевав дека никој друг нема да се сети на тоа“ – додала таа.

Хага е заинтересирана за нинџите, тајните агенти и убијците во средновековна Јаонија кога како дете гледала многу цртани.