|
Дека погребот може да се претвори во забава и смеење, покажа еден Ирец кој луѓето кои дошле на неговиот погреб, ги насмеал со солзи со забавно писмо. Луѓето буквално „прскале“ од смеење.
Додека сандакот веќе бил во гробница, а роднините и пријателите стоеле околу гробното место, одеднаш се слушнало тропање во дрво, а набрзо и гласот на починатиот: „Ало, каде сум јас“, „Има ли некој“, „Пуштете ме од тука!“.
Тоа најпрво предизвика неверување кај присутните, а за кратко време сите да почнат да се смеат бидејќи сфатиле дека покојниот пред својата смрт подготвил изненадување, односно имал ставено аудио-порака во ковчегот.
Овој Ирец веројатно бил многу духовит човек штом на денот на својот погреб одлучил да се пошегува.