Според најновото истражување на научниците, 23-годишната манекенка Бела Хадид е прогласена за најубава жена на светот.
Според анализата на група научници кои се занимавале и со најситни детали, Бела е прогласена за најубава жена на светот со совршено пропорционално лице. Пропорциите на нејзиното лице со 94,35 отсто одговараат на златните пропорции, мерка која претставува физичко совршенство.
Нејзините очи, веѓи, нос, усни, образи, јаболчици и облик на лице речиси се совршени, според поимот за убавина на старите Грци. Листата на најубави жени ја составил Џулијан Де Силва, хирург кој изјавил дека нејзината симетрија на лицето е најблиску до совршенство.
“Бела е победник кога ќе се земат предвид сите параметри. Нејзиното лице е најблиску до совршенство, а од максималните 100 отсто и совршениот облик ја делат само 3 отсто. Бела е новата генерација на супермодели и можно е да доминира на сцената во наредните децении. Нејзината најголема “слабост” е на подрачјето околу веѓите”, изјавил доктор Де Силва, еден од научниците кои работеле на овој проект.
Второто место на оваа листа го зазела Бијонсе, а на третото место е актерката Амбер Херд.
Во топ 10 најубави жени на светот се наоѓаат и Аријана Гранде, Тејлор Свифт, Кејт Мос, Скарлет Јохансон, Натали Портман, Кејти Пери и манекенката Кара Делевињ.